Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Од:

Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ имало длабоки релации со Албанската фирма Шанси инвест, која го добила тендерот за набавка на уред за корекција на напонски профил заедно со Далековод АД Загреб,вели пратеикот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

-Мелаим Адеми кој бил раководител на комерцијален сектор во МЕПСО, кога Шанси инвест го добила тендерот, своевремено бил управител на подружницата на Шанси инвест во Скопје. ЈО треба веднаш дс отвори постапка за оваа набавка, и да ги испита сите докази.Дали Шанси инвест е фирма која е параван за наплата на функционери на СДС и ДУИ?Колку пари од МЕПСО завршиле на сметка на Шанси инвест, која буквално нема никаква додадена вредност во набавката, освен штанцање на фактури кон МЕПСО за наплата, пред да и префрли пари на фирмата производител?На чии сметки на лица од СДС и ДУИ требале да завршат парите во разликата во цени од Шанси инвест, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор на ЕСМ Снабдување со топлина

(ВИДЕО) Петрушевски: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?

(ВИДЕО) Петрушевски: Два милиони евра од Лотарија исчезнаа, СДС и ДУИ се под сомнение

(ВИДЕО) Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе води антиемигрантска политика

Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

Петрушевски до Битиќи: Меѓуетничкиот соживот се гради со дела, а не со националистички и шовинистички говори