Европскиот комесар за проширување и соседство Оливер Вархељи денеска изјави дека проширувањето на ЕУ може да се случи до крајот на мандатот на следната Комисија, но нагласи дека е тешко да се одреди точната временска рамка, бидејќи тоа е процес заснован на заслуги.
На прес-конференцијата во Брисел, посветена на пакетот за проширување на ЕУ за 2024 година, што беше усвоен денеска, Вархељи оцени дека проширувањето е во интерес на ЕУ и додаде дека плановите за раст им овозможиле на Западен Балкан, како и на Молдавија и Украина , да ги завршат своите реформи и се да биде подготвено за тие да станат членки на ЕУ до крајот на следниот мандат на Комисијата.
Тој додаде дека проширувањето е меѓу трите главни прашања за кои се разговара денеска меѓу водачите на ЕУ, не само поради, како што подвлече, брзиот, променлив и предизвикувачки геополитички пејзаж, „туку затоа што е во интерес на Европа да се прошири“.