Оскаровецот Мел Гибсон изјави дека американската потпретседателка Камала Харис е многу глупава и рече дека ќе го поддржи поранешниот републикански претседател Доналд Трамп на претседателските избори на 5 ноември, објави Вашингтон пост.
Во видеото објавено во четвртокот на порталот TMZ, актерот накратко разговарал со камерманот на аеродромот и во таа прилика ја критикувал нејзината интелигенција.
„Знам како би било ако ја избереме неа“, рече тој.
„И тоа не е добро. Слаби достигнувања. Нема политика. Таа има коефициент на интелигенција како столб од ограда“.
Заедно со споредувањето на Харис со дрвен столб, Гибсон го поддржа Трамп.
„Мислам дека никој нема да се изненади како гласам“, му рекол тој на камерманот, кој одговорил: „Погодувам за Трамп. Дали грешам?“
„Мислам дека прилично добро погодивте“, рече тој.