Алкалоид со пласман во следна фаза на ЕХФ Купот, повторно падна литванска Клаипеда

Од:

Ракометната екипата на Алкалоид е во следната фаза во Европскиот куп на ЕХФ.

Избраниците на Кирил Лазаров славеа и нагости кај Драгунас Клаипеда (37-31) во Литванија откако во Скопје триумфираа со 11 гола разлика.

Уште од почетокот на мечот Алкалоид наметна свое темпо, па на полувремето веќе имаше +4 (21-17).

Во второто полувреме домашниот голман влезе во ритам, па Драгунас Клаипеда почна да ја топи негативата. Но најмногу што успеаја да сторат домаќините беше да дојдат до 25-27. Сепак, Алкалоид даде три гола во низа за 25-30 и финишот на натпреварот беше само рутина.

Најдобар стрелец на мечот беше Мартин Серафимов со 7 гола, додека Марко Митев, Арно Бинго и Александар Петковски дадоа по 6 гола.

Галевски забележа 10 одбрани.

Лидер на Драгунас Клаипеда беше Лускенас со 6 голови.

Би можело да ве интересира

Се одржа првата регионална конференција под покровителство на Becutan „Родителството некогаш и денес“

А1он

Прва регионална Becutan конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, панелист на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI

Втора посета во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат Алкалоид’“