Зеленски: Русија планира да распореди севернокорејски трупи во борбените зони на 28 октомври

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија планира да распореди севернокорејски трупи во борбените зони на 27-28 октомври, повикувајќи се на разузнавачки информации.

„Според разузнавачките податоци, се очекува Русија да ги распореди првите севернокорејски војници во борбените зони на 27 и 28 октомври. Ова претставува руска ескалација“, напиша Зеленски на X откако ја доби информацијата од врховниот командант.

Зеленски не појасни во кои борбени зони треба да бидат испратени севернокорејските војници, ниту пак даде други детали.

Украинската воена разузнавачка служба вчера објави дека првите севернокорејски војници веќе се забележани во руската погранична област Курск, каде што дејствува украинската армија од инвазијата во август.

Околу 12.000 севернокорејски војници, од кои 500 офицери и тројца генерали, веќе се во Русија и се обучуваат во пет воени бази, соопшти разузнавачката служба.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски