Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Од:

Кошаркарите на Панатинаикос, Јанис Папапетроу, Динос Митоглу и Димитрис Мораитис ќе го пропуштат натпреварот од петтото коло во Евролигата против Фенербахче поради здравствени проблеми, објави денеска Basketnews.

Папапетроу и Митоглу го пропуштија денешниот тренинг на актуелниот европски шампион поради гастроентеритис, додека Мораитис има проблеми со повреда на рамото. Стручниот штаб на Панатинаикос одлучи сите тројца кошаркари да не патуваат во Турција.

Кошаркарот на Панатинаикос, Мариус Григонис заработи повреда на грбот на последниот тренинг на грчкиот клуб, но со тимот ќе отпатува за Истанбул.

Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус не може да смета на повредените Скоти Вилбекин и Сертац Санли. Во тимот од Истанбул се враќа Марко Гудуриќ кој се опорави од повредата, додека Американецот Скајлар Мејс е подготвен да дебитира за Фенербахче на натпреварот против Панатинаикос.

Фенербахче во првите четири кола од Евролигата забележа три победи и еден пораз, додека Панатинаикос има скор од 2/2.

Натпреварот меѓу Фенербахче и Панатинаикос се игра од 19:45 часот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ