Трамп: Ако победам, ќе го отпуштам обвинителот што ме истражува

Од:

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека доколку биде избран за претседател, ќе го отпушти федералниот обвинител кој истражува дали се обидел да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, запрашан во интервју дали ќе се помилува себеси или ќе го отпушти специјалниот обвинител Џек Смит во тој случај, одговори: „Толку е едноставно. Би го отпуштил во рок од две секунди“.

Трамп разговараше со конзервативниот водител на подкаст Хју Хјуит.

Смит го води кривичното дело во кое Трамп е обвинет за изборна субверзија на изборите во 2020 година, на кои победи демократот Џо Бајден, актуелниот американски претседател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Камала Харис: Трамп е фашист

ВИДЕО: Трамп сексуално ја злоставувал, се запознале кај Епштајн тврди поранешна манеканка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Бајден: Трамп треба да биде „заклучен“

Нова анкета: Тесна трка меѓу Харис и Трамп на две недели пред изборите

Катерина Ѓуровски

Трамп и Харис во битка за латино гласови, огласите на шпански се зголемија за 25 отсто

Илон Маск организира лотарија – секој ден по милион долари за еден гласач на Трамп

Горан Наумовски