Голем пожар денеска избувна во американската воена база во јужнокорејскиот град Бусан, а според првичните информации нема жртви.
Пожарот го зафатил складиштето за снабдување, со димензии околу 120 на 40 метри, во кое американската војска носи опрема преку пристаништето Бусан.
Сликите од местото на настанот покажуваат големи пламени кои се издигнуваат над магацинот, каде наводно биле пронајдени градежни материјали, пренесува Newsweek.
Противпожарната служба во Бусан работи на спречување на пожарот да се прошири на соседните магацини и на лице место има 163 припадници на противпожарната служба со опрема.
Причината за пожарот се уште не е позната.