Камерниот оркестар на Македонската опера и балет вечер ќе одржи хуманитарен концерт, а собраните средства ќе бидат донирани во Фондот на Клиниката за детски болести во Скопје.
На програмата се дела од Моцарт, Бетовен, Рутер и Имери. Спонзор на настанот е Амбасадата на Австрија во Република Македонија.
Ќе бидат изведени дела од Волфганг Амадеус Моцарт, од Џон Рутер Античка свита, а солист на флејта ќе биде Сашо Темков, обработено Пајдушко во интересен стил од Дамир Имери. Првпат пред македонската публика ќе биде изведен квартетот Опус 131 од Лудвиг Ван Бетовен, само со додаден инструмент контрабас.