СДСМ: Ова ли е правдата и правната држава кој не ја извадивте од уста претседателке?

Од:

„Денешната изјава на претседателката Силјановска Давкова која е само марионета на Мицкоски, потврдува дека тие двајцата се на браникот на криминалот и нарко босовите во државата. Силјановска вели дека имало интересни ликови кои биле помилувани и таа не знаела за кого станува збор. Прво, со ваквата изјава се доведува во прашање и нејзината деловна способност. Дали ова значи дека Силјановска утре ќе потпишува и други акти и нема да знае што потпишува? Ова е ризик за државата“ реагираат од опозициската СДСМ на денешната изјава на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Од партијата велат „ако е ова е само лага на Силјановска, тогаш се потврдува дека таа е само извршител и потписник на одлуките да се ослободат криминалци и нарко босови, а нарачките доаѓаат од друго место. Прашањето е кој и нарачал на Силјановска слепо да потпишува помилувања на луѓе кои не смеат да припарат на улица, а камо ли да бидат помилувани? Дали е тоа Мицкоски бидејќи таа него му должи се. Дали е тоа Филков, пуленот на Димитриески кој е само извршител на позицијата министер за правда?“.

„Јавно ја прашуваме Силјановска, дали се срами што помилуваните нарко босови јавно и се заблагодаруваат на социјалните мрежи за помилувањето за кое наводно ништо не знаела? Ова што денес им го приредија Мицкоски и Силјановска на граѓаните не е ништо друго туку потценува интелигенцијата и тешка навреда за нив и за сите кои ја поддржаа Силјановска која ветуваше правда и правна држава. Ова ли е правдата и правната држава кој не ја извадивте од уста претседателке?“ стои во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Сиљановска-Давкова на Самит во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните