Куќата на израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху на плажа е оштетена во напад со дрон, за кој Хезболах ја презеде одговорноста. Видеото од штетата стана вирално на социјалните мрежи, а видеото беше геолокатирано од CNN.
BREAKING: HEZBOLLAH DRONE HITS NETANYAHU'S HOUSE. The media is now revealing that the drone struck the bedroom of Netanyahu and his wife. pic.twitter.com/uacbKXwcZL
— adnaan.444 (@Adnaan444) October 22, 2024
Станува збор за напад со дрон, кој навлезе длабоко во Израел додека таа милитантна група беше под постојано израелско бомбардирање.
Нетанјаху и неговата сопруга не биле дома за време на нападот во саботата во крајбрежниот град Цезареја, а во нападот нема повредени, соопштија израелските власти.
Но, инцидентот покрена прашања за тоа како дронот ја избегна израелската противвоздушна одбрана во време кога раководството на Хезболах е десеткувано, а израелската војска ги засилува нападите низ делови на Либан.
Израелската телевизиска станица Канал 11 објави фотографија од куќата на која се гледаат оштетувања на прозорците со пукнатини. Канaл 11 објави дека оштетениот прозорец бил прозорец од спална соба.
Израелската војска во саботата соопшти дека „идентификувани се три беспилотни летала кои преминале од Либан на израелска територија. Пресретнати се два дрона. Друг дрон погоди структура во областа Цезареја“.
Портпаролот на израелскиот премиер тој ден го потврди нападот, но израелските власти само признаа дека дронот ја погодил куќата.