Сиљановска Давкова: Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

-Идејата-водилка на основачите на Македонската револуционерна организација, коишто пред 131 година визионерски зачекорија по трнливиот пат кон политичка автономија, еволуираше и се доградуваше низ годините. Резултатот е самостојна македонска држава исправена пред нови предизвици, истакнува Сиљановска Давкова.

Прославувајќи го Денот на македонската револуционерна борба, како што вели претседателката, да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви.

-Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш. Затоа, да се грижиме за татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава. Да им ја оставиме на потомците, како што нам ни ја оставија, македонските револуционери, посочува претседателката Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕУ претставува објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети

Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување

Горан Наумовски

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски