Левица: Mицкоски крие кои му се советници – анонимни паразити цицаат илјадници евра народни пари

Од:

Владата на ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ предводена од олицетворението на непотизмот во Македонија, Христијан Мицкоски, по точно 121 ден активно „работење“, ги нема јавно објавено со име и презиме сите советници и надворешни соработници, кои за својата невидлива работа, земаат илјадници евра плата од државниот буџет. Во време кога минималната плата изнесува разочарувачки 22.567 ден., на советниците на Мицкоски, според достапните податоци на платформата „Отворени финансии”, им се исплаќани средства во висина од 60.000 ден. до близу 270.000 денари месечно, велат од Левица.

„И покрај тоа што Мицкоски ги крие имињата на своите советници, дел од нив и сами се имаат пофалено со новите функции, како на пример: синот на актуелниот директор на Управата за извршување санкции – Александар Пандов, Столе Пандов, кој е поставен за советник за млади на Претседателот на Владата. Но повеќето советници на Премиерот, веројатно, плашејќи се од реакцијата на јавноста, „мудро“ молчат.

Ваквото однесување на Владата предводена од Христијан Мицкоски ги продлабочува структурните проблеми во македонското општество, каде јавните ресурси продолжуваат да бидат злоупотребувани за лично богатење и користење на власта за вработување на блиски лица. Овој систем на непотизам и клиентелизам е во спротивност со принципите на владеењето на правото и го блокира формирањето на вистинско демократско општество.

Граѓаните имаат уставно загарантирано право до информации од јавен карактер, така што отсуството на транспарентност кај институциите на системот претставува еден од најголемите проблеми на македонското општество и е една од континуираните забелешки години наназад од страна на Европската комисија. Тие забелешки оваа, наводно, „проевропска“ влада не ја тангираат, бидејќи спротивно на предизборните ветувања, дополнително ја имаат влошено транспарентноста на институциите.

Политичката партија Левица како единствен претставник на македонскиот граѓанин, во минатото повеќе пати јавно има алармирано за нетранспарентноста на владините институции и јавно ја повикува Владата на Република Македонија веднаш да го објави идентитетот на советниците и надворешните соработници на премиерот Христијан Мицкоски“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица