(ВИДЕО) Петрушевски: СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира

Од:

„СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој рече дека „Виктор Димовски е исто толку СДС колку што се и Зоран Заев и Венко Филипче. Виктор Димовски е чист партиски кадар на СДС, и тој ја партизираше службата и стави под прогон голем број професионалци“.

„Со Виктор Димовски на чело на безбедносната служба ни се случуваа скандали како Онишченко, се издаваа пасоши на белосветски наркобосови и криминалци. СДС нема кредибилитет да зборува за АНБ, затоа што тие ја партизираа и го кородираа системот на националната безбедност. АНБ и АР работеа за СДС наместо за граѓаните“ порача Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски