Пилотот на руски бомбардер – Дмитриј Голенков загинал на територијата на Русија, соопшти денеска украинската воена разузнавачка служба ГУР.
Телото на пилотот било пронајдено во селото Супонево кај Брјанско, а според Министерството за одбрана на Украина (ГУР), главата му била скршена со чекан.
Голенков беше пилот на 52-от полк за тешки бомбардери на руските воздушни сили, со седиште на аеродромот Шајковка. Леташе со бомбардер Ту-22М3.
Тој служел како шеф на базата на руската воздушна ескадрила, се наведува во соопштението.
Учествувал во ракетни напади врз украински цивилни цели, особено врз трговскиот центар Амстор во градот Кременчук, регионот Полтава.
Во моментот на нападот на 27 јуни 2022 година, во трговскиот центар имало околу 1.000 луѓе. Како резултат на военото злосторство загинаа 22 лица, а десетици беа ранети, објави ГУР.
Голенков е одговорен и за ракетниот напад на 14 јануари 2023 година врз станбена зграда во Днипро, во кој загинаа 46 украински цивили, меѓу кои и шест деца, се вели во соопштението.