Руски дронови создаваат паника во Романија

Од:

Романските радарски системи за само неколку дена откриле втор дрон кој го нарушил воздушниот простор на земјата, а борбените авиони кои полетале во текот на ноќта не го забележале, соопшти денеска романското Министерство за одбрана.

Романските радарски системи за само неколку дена откриле втор дрон кој го нарушил воздушниот простор на земјата, а борбените авиони кои полетале во текот на ноќта не го забележале, соопшти денеска романското Министерство за одбрана.

Во четвртокот доцна навечер, воените радари открија мал летечки објект, веројатно беспилотно летало, кој се упати кон Констанца пред да се изгуби сигналот, објави Ројтерс.

Борбените авиони не го забележале дронот, а романскиот премиер Марсел Чолаку вчера изјави дека Министерството за одбрана ја анализира можноста дека имало „сајбер предизвик, бидејќи пилотите немале визуелен контакт со дронот“.

Уште еден дрон е откриен синоќа, на околу 19 километри во внатрешноста, исто така во југоисточниот округ на Констанца.

Романија повторно подигна два борбени авиони Ф-16 и два шпански Ф-18, кои до крајот на годинава извршуваат мисија на воздухопловната полиција во земјата, но пилотите ниту синоќа не го забележале дронот.

Фрагменти од руски беспилотни летала паднаа врз Романија, која има 650 километри долга граница со Украина, во последната година неколку пати за време на руските напади врз украинската пристанишна инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот