Околу 13.000 корисници во Северна Калифорнија денеска останаа без струја откако операторите ја прекинаа струјата за да спречат палење на шумски пожари поради силните, жешки ветрови и оштетените далноводи.
A significant wildfire threat is unfolding across California, where high wind gusts and dry weather will fuel the dangerous situation into the weekend. @FeliciaCombsTWC has the forecast: pic.twitter.com/kmRlKOkr3t
— The Weather Channel (@weatherchannel) October 17, 2024
Компаниите кои снабдуваат електрична енергија во четвртокот вечерта почнаа да ги исклучуваат корисниците во 12 области, а вкупно околу 20.000 корисници би можеле привремено да останат без струја во следните неколку дена, пренесува АП.
Синоптичарите издадоа црвено предупредување за пожар за областа до сабота, бидејќи се очекува силен „Дијабло ветер“, топол, сув североисточен ветер што обично се јавува во областа на заливот Сан Франциско во северна Калифорнија во текот на пролетта и есента.
Во многу области се очекуваат ветрови до 56 км/ч, а во планинските области можни налети до 104 км/ч, соопшти Националната метеоролошка служба.