Командантот на Иранската револуционерна гарда испрати застрашувачка порака до Израел

Од:

Командантот на иранската револуционерна гарда, Хосеин Салами, го предупреди Израел да не го напаѓа Иран како одмазда за ракетниот напад извршен на почетокот на октомври, бидејќи ќе се соочи со болен одговор.

„Ви кажуваме (Израел) дека ако извршите каква било агресија во кој било момент, ние болно ќе ја нападнеме вашата точка“, рече Салами во телевизискиот говор, пренесува Ројтерс.

Салами, исто така, рече дека Иран може да навлезе во одбраната на Израел.

Во меѓувреме, Израел ја засилува својата офанзива против Хезболах во Либан, поддржан од Иран.

Само во воздушниот напад врз градот Газа загинаа 19 лица. Израел, исто така, испрати тенкови во кампот Џабалија на север, каде Палестинците и претставниците на Обединетите нации со денови укажуваат на драстичен недостаток на храна и медицински материјали.

Според израелската армија, во изминатите 24 часа во јужен Либан биле убиени 45 членови на Хезболах, меѓу кои и командант на баталјон.

Утрово израелската армија повика на евакуација на населението од долината Бека во источен Либан.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше со својот израелски колега Јоав Галант во средата за воените операции на Израел во Либан и Појасот Газа, во обид да се влијае за да се избегне поширок конфликт во регионот на Блискиот Исток.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, кој е на турнеја на Блискиот Исток, разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, кој ја повтори посветеноста на Каиро да го спречи ширењето на конфликтот.

Израел, сепак, не покажува знаци за слабеење на своите воени операции против Хезболах во Либан и Хамас во Газа, а рано утринава го гаѓаше и пристанишниот град Латакија во Сирија, јавуваат локалните медиуми.

Во исто време, САД во средата започнаа напади врз позициите на Хутите во Јемен.

Катар, кој учествуваше во посредништвото на серијата досега неуспешни преговори за ставање крај на конфликтот, објави дека не учествува во тие напори веќе три или четири недели.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел