Поетот Славе Димоски добитник на наградата „23 Октомври“

Од:

Поетот Славе Димоски е добитник на годинашната државна награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на државата.

– Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на седницата одржана на 4 октомври донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија, информираат денеска од Министерството за култура. Наградата „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста му се доделува на Славе Димоски, поет, информираат денеска од Министерството за култура.

Наградата на Димоски ќе му биде врачена на 23 октомври во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Доделена државната награда „23 Октомври“

Каевски: Македонската борба е за интеграција и подобар животен стандард, а не за изолација

23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Катерина Ѓуровски

Доделување на државната награда „23 Октомври“

Денот на македонската револуционерна борба се одбележува под посебни услови поради пандемијата

Ана Ололовска

Ден на македонската револуционерна борба