Димитриеска-Кочоска: Не се брза со втората транша од унгарскиот заем, но мора да обезбедиме средства за еврообврзницата

Од:

Не се брза со втората транша од унгарскиот заем. Мора да бидеме сигурни дека ќе ги имаме парите затоа што еврообврзницата доспева во јануари следната година, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

На денешната дебата во Владата посветена на економијата, финансиите и јавната администрација, министерката рече дека парите од втората транша ќе бидат наменети исклучиво за подмирување на еврообврзницата.

– Не се брза со ништо, но еврообврзницата мора да ја сервисираме на почетокот на јануари. Ние не можеме да ја почнеме постапката на 1 јануари и до 25 јануари да ги имаме средствата. Затоа започнуваме сега, но секако средствата ќе се користат за еврообврзницата и ќе легнат во јануари, а не до крајот на годината. Мора да бидеме сигурни дека имаме обезбедено средства. Не можам како одговорен министер да чекам да дојде јануари, па потоа да почнеме постапка за втората транша за заемот, рече Димитриеска-Кочоска.

Средствата од првата транша од унгарскиот заем се наменети за општините кои учествуваа на јавен повик и веќе помина периодот на евалуација, а дел од средствата се наменети за бизнис секторот.

Во однос на проекциите на Светска банка која планира раст на економијата од 1,8 проценти, министерката за финансии рече дека очекувањата на Владата се дека до крајот на годината растот на економија би бил најмалку 2,1 процент.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента, зад бројките стои нов концепт

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Катерина Ѓуровски

Азески: Владата и банките мора да се договорат, не може провизиите да бидат баснословни

Мицкоски ќе оди на состанок со банкарите „за да го каже тоа што мисли дека треба да го каже“ за унгарскиот кредит

Катерина Ѓуровски