Мицкоски ќе оди на состанок со банкарите „за да го каже тоа што мисли дека треба да го каже“ за унгарскиот кредит

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во втората половина од идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој, како што изјави денеска, ќе настојува да присуствува на состанокот „за да го каже тоа што мисли дека треба да го каже“.

Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на три делници кај Велес, Мицкоски нагласи дека компаниите нема да имаат поголем трошок од оној што веќе бил кажан.

-Компаниите нема да имаат поголем трошок од тој што го кажавме. Министерката е на пат за Скопје, денеска се враќа од Брисел каде имаше серија состаноци. Но, важно е да се каже дека откако ќе дојде, очекувам во текот на следната недела, во втората попловина, да имаме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Ќе инсиситрам и јас да бидам таму, да го кажам тоа што мислам дека треба да го кажам, рече Мицкоски.

Пред три дена, премиерот во изјава за медиумите рече дека парите од унгарскиот заем се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обрвската на државата кон нив. Домашните компании, подвлече и тогаш Мицкоски, ќе ги добијат средствата под истите услови под кои беа земени.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Решен откупот на ориз

СДСМ: Цените на намирниците уриваат рекорди, а Мицкоски не храни со лаги

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Откако Мицкоски си ја зголеми платата, сега кажува приказни

А1он

СДСМ: Мицкоски се фали со резултатите од нашите економските политики за што му благодариме

Катерина Ѓуровски

За кратко време ја консолидиравме економијата, индикаторите за раст на БДП се меѓу најдобрите во Европа објави премиерот

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: В среда нема ништо да се случи, група функционери од ДУИ се обидува да се спаси со етнички тензии

Катерина Ѓуровски