Тројца загинати и петмина повредени во сообраќајката на автопатот Скопје – Велес

Од:

Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајката што се случи попладнево на автопатот Скопје – Велес. Несреќата е пријавена во 17.45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комбе.

До сега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител.

Според АМСМ, поради сообраќајката се блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје – Велес. Сообраќајот е во прекин од 17.45 часот и се пренасочува преку Петровец – Велес (по стариот пат), Миладиновци – Св.Николе – Велес – Штип.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка