Најмалку 20 лица, меѓу кои и деца, загинаа во израелски воздушен напад што погоди училиште, кое претходно беше претворено во засолниште, во централниот дел на Појасот Газа, соопшти денеска блиската болница во окупираната палестинска енклава.
Во овој израелски напад две жени беа убиени и во блискиот Нусејрат, пренесува АП.
Училиштето беше засолниште голем број Палестинци раселени за време на едногодишната војна во Појасот Газа, а телата на загинатите во израелски воздушен напад беа префрлени во болницата Ал-Авда во Нусејрат и болницата на мачениците Ал Акса во Деир ал- Балах.