ВИДЕО: Дачиќ повторно му пееше на Ердоган „Осман ага“

Од:

Ивица Дачиќ, вицепремиерот на Владата на Србија, повторно му ја отпеа песната „Осман ага“ на Реџеп Таип Ердоган, исто како и пред седум години за време на неговата посета на Белград.

Дачиќ, пред својот настап, се присети на 2017 година кога на сличен начин првпат го пречека Ердоган.

Ердоган во четвртокот и петокот беше во официјална посета на Србија. Домаќин на претседателот на Турција беше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кого присуствуваа на потпишувањето на повеќе договори и меморандуми меѓу двете земји.

Песната „Осман ага“ прв ја испеа и прослави Мухарем Шербезовски, а на Јутјуб се уште постои снимка од првата изведба на Дачиќ на таа песна.

Би можело да ве интересира

Ердоган му порача на Путин: Договорот меѓу Турција и Русија е клучен за мирот во регионот

А1он

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул, го навредија Ердоган

А1он

Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани

А1он

Дачиќ: Српската полиција има звучен топ, но не е во употреба

А1он