Маж во тешка состојба пронајден во река во гевгелиско, починал во болница

Од:

63-годишен маж од Демир Капија вчера наутро бил пронајден во бессознание во река во близна на местото „Смрдлива вода“ кај Гевгелија. Бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде попладнето починал.

– На 11.10.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот во Гевгелија, на место викано „Смрдлива вода“, во реката било пронајдено машко лице во бессознание. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Н.С.(63) од Демир Капија. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17.30 часот лекар констатирал смрт, информираше МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва