Преиначена казната на Панатинаикос

Од:

Дисциплинската комисија на кошаркарската Евролига денеска ја преиначи казната на Панатинаикос.

„Зелените“ од Атина првично добија суспензија од два натпревари на домашен терен без публика на стартот од новата сезона. Ова казна е преиначена и според новата одлука Панатинаикос ќе може да игра пред своите навивачи, но на терен одалечен најмалку 300 километри од Атина.

Клубот веќе ги одреди градовите во кои ќе ја одработи казната. Така против шпанска Каха Лаборал во 2.коло, Панатинаикос ќе биде домаќин во Никозија на Кипар, додека во 4.коло на Крит ќе го пречека Локомотив Кубан.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ