Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно, крајна цел е намалување на затворската популација

Од:

Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од затвор до затвор. Моментално во државата има 2 400 затвореници и уште толку чекаат да влезат во затворите, изјави директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов.

Намалувањето на затворската популација, посочи Пандов, може да се направи на три начини – преку условен отпус, електронски надзор и подобра ресоцијализација на осудениците, затоа што 60 проценти се повратници.

– За жал, Македонија досега требаше да има целосно нов затвор во Идризово, но освен фаза еден не е направено ништо. За жал, парите што се обезбедени сега се под мораториум. Следната недела треба да има контрола и се надевам да се одмрзнат тие средства следната година, изјави Пандов.

Околу 400 лица моментално имаат А-третман и тие, според Пандов, веќе користат отсуство и работен ангажман.

Паднов, меѓудругото, посочи дека ќе имаме и целосно ново притворско одделение за 400 лица во Идризово.

Во земјава моментално околу 50 лица издржуваат доживотни казни.

Би можело да ве интересира

Пандов: Некои затвори функционирале нормално, а некои како „приватни затвори“

СДСМ: Десет затвореници избегале од затвор во Шутка, неспобните Пандов и Утковски да бидат разрешени

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Затворот „Шутка“ е хотел промаја, затвореници излегувале кога сакале тврди Пандов

Катерина Ѓуровски

Затвореници дома, за да нема гужва во затворите: Директорот на санкции ќе ја форсира пробацијата