(ВИДЕО) 18 мртви во израелски напад на Западниот брег: Ова е масакр

Од:

Најмалку 18 Палестинци загинаа во израелски воздушен напад врз градот Тулкарм на Западниот Брег, соопшти Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас. Израелската војска претходно соопшти дека извршила напад врз Тулкарм во кој загина шефот на мрежата на Хамас во градот.

Захи Јасер Абд ал-Разек Оуфи, наводно, доставувал оружје за терористите на Западниот Брег и планирал да изврши терористички напад во „непосредна“ иднина тврди израелската војска. ИДФ додаде дека во нападот биле елиминирани „неколку други значајни терористи“.

Во пост на X, палестинскиот премиер Мохамед Мустафа го нарече нападот „масакр“ и рече дека Израел „ги игнорира глобалните повици за правда“.

Би можело да ве интересира

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира