Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Од:

Истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски е добитник на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката. Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски се добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.

Како што информира денеска Министерството за култура, оваа одлука ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седница одржана на 11 септември 2024 година.

Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова – Грујовска.

Државната награда се врачува во Собранието на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.

Би можело да ве интересира

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Прилеп го чествува 11 Октомври

Под мотото „Непокор и слобода“ се одбележува 11 Октомври

Катерина Ѓуровски