Обама: Името на Холмс, Америка ќе го пречкрта

Од:

Барак Обама се сретна со семејствата на жртвите од масакрот во Денвер. и рече дека Америка нема повеќе да го спомнува името на Џејмс Холмс кој денес ќе излезе пред судот.

„Иако сторителот на ова гнасно дело доби доста публицитет овие денови, тоа внимание ќе исчезне“, рече Обама.

„На крајот кога ќе ја почувствува силата на нашиот правосуден систем, она што ќе биде запамтено се добрите луѓе кои ги погоди оваа трагедија“, додаде тој.

Американскиот претседател се придружи на локалното население и официјалните лица во одбивањето да го изговори името на осумничениот Џејмс Холмс.

Мотивот за убиството на 12 луѓе во текот на премиерата на новиот филм за Бетмен сеуште е непознат, а полицијата соопшти дека немало никакви најави дека доскорешниот студент на медицина можел да изврши ваков напад.

Би можело да ве интересира

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Мишел: Европа е подготвена да соработува со САД за поддршка на Украина