Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин по повод втората годишнина од анексијата на украинските региони изјави дека Русија „ќе ги постигне сите свои цели“ во Украина.

„Вистината е на наша страна. Сите цели ќе бидат остварени“, рече Путин во видео обраќањето, честитајќи им на Русите „Денот на обединување“ со украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, кој Русија го слави на 30 септември.

Тој го поздрави „судбинскиот настан“ што бил потребен за да се заштитат жителите од тие области кои зборуваат руски јазик од „неонацистичка диктатура“ и „радикален национализам“.

„Ние не ги напуштивме нашите браќа и сестри“, истакна Путин, а потоа повторно ја бранеше „потребата и легитимноста на специјалната воена операција“, како што руската влада ја нарекува офанзивата против Украина.

„Денес се бориме за безбедна и успешна иднина на нашите деца и нашите внуци“, тврди тој.

Путин ја потпиша официјалната анексија на украинските региони на 30 септември 2022 година, иако Москва не ги контролира целосно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт