Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека уште еден висок функционер на Хезболах, командантот Набил Каук, бил убиен во воздушен напад врз Бејрут синоќа.
Каук бил убиен во напад на воен авион во предградието Дахије, познато упориште на Хезболах, објави Тајмс оф Израел.
Каук беше командант на „превентивната безбедносна единица“ на Хезболах и висок член на Централниот совет на либанската група, се вели во соопштението на ИДФ.
Каук бил близок до раководството на Хезболах и бил „директно вклучен во организацијата на терористички напади против државата Израел и нејзините граѓани, вклучувајќи ги и нападите во изминатите неколку дена“, се додава во соопштението на израелската армија.
Како што е објаснето, Каук му се придружил на Хезболах во 80-тите и бил заменик-лидер, а подоцна и водач на огранокот на групата во јужен Либан.
Бил и член на Извршниот совет, како и заменик претседател на тоа тело на Хезболах.
Хезболах сè уште не ја потврдил смртта на Каук, но поддржувачите на групата објавуваат пораки во жалост за неговата смрт од вчера, објави Ројтерс.
Неколку високи команданти на Хезболах беа убиени во израелските воздушни напади во последните недели, вклучувајќи го и главниот лидер Хасан Нусрала.