СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Од:

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Албанија напредува кон Европската унија а Македонија останува последна на Балканот само заради неразумното, штетно и недржавничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ прво како опозиција а потоа и како власт.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најдиректно одговорни за тоа што веќе немаме европска перпспектива, велат од СДСМ.

„Сега, после државниот дебакл што и го приредија на земјата, по раздвојувањето на Албанија од Македонија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги прави граѓаните будали. После сите блокади, после сите опструкции, деструкции, кочења, после сите можни изјави на Мицкоски од типот „не благодарам“ во ЕУ денеска ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ.

Мицкоски и неговите соработници ги третираат граѓаните како ништо да не знаат, како да не се свесни за блокадата на европскиот пат што ВМРО-ДПМНЕ ја прави. Но, народот гледа и знае. ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри. СДСМ ги реши отворените спорови, обезбеди членство во НАТО и ја донесе Македонија пред прагот на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ цело време ги блокираше сите овие процеси попречувајќи ја европската интеграција на земјата. Последниот чекор којшто требаше да се охрабри да го направи ВМРО-ДПМНЕ не е направен само заради одлуките и бизнис интересите на Мицкоски и неговите соработници. Граѓаните ова многу добро го знаат и нема да дозволат никој, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ да ги прави будали“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски