Најдобриот светски тенисер Италијанецот Јаник Синер денеска изјави дека е разочаран и изненаден од жалбата што против него ја поднесе Светската допинг агенција (ВАДА).
„Многу сум разочаран и исто така изненаден од таа жалба, бидејќи имавме три рочишта и сите три завршија многу позитивно за мене. После се не очекував ваква одлука. Можеби само сакаат да се уверат дека се е на свое место“, рече Синер, пренесува Gazzetta dello Sort.
ВАДА денеска соопшти дека поднела жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) на 26 септември, во која бара суспензија за италијанскиот тенисер во период од 12 до 24 месеци.