САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Од:

Македонија може да смета на поддршката од САД во обидот да се пробие блокадата со која се соочува земјата на патот кон ЕУ, порача американскиот заменик-помошник државен секретар Александар Касаноф на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова што се реализира во рамки на 79. Генерално собрание на ОН во Њујорк.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, Касаноф упати благодарност за македонската воена и техничка поддршка за Украина која ја потврдува позицијата на земјата како кредибилен партнер на САД и членка на НАТО.

Македонската претседателка го повтори ставот дека по 16 препораки на Европската комисија за почеток на македонските преговори за членство, ЕУ треба да ги спроведе сопствените правила и да се базира на критериумите од Копенхаген како единствени услови за влез во Унијата.

Сиљановска Давкова ја потенцираше важноста на стратешкото партнерство и пријателство со САД и изрази очекување за засилување на поддршката од официјален Вашингтон за што побрз почеток на пристапните преговори со ЕУ. Укажа дека во интерес на двете земји и регионот на Западен Балкан е наскоро да бидат отворени првите поглавја во македонските преговори со ЕУ и дека САД ќе имаат конструктивна улога во тој процес кој е важен и поради глобалните безбедносни предизвици. Во разговорот изрази надеж дека ЕУ ќе почне да ги почитува сопствените одлуки кои укажуваат дека билатералните прашања не смеат да го блокираат процесот на проширување.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Вашингтон му помага на Киев да ја пробие руската воздушна одбрана

Вeнс: Украинската контраофанзива беше тактичка катастрофа

(ВИДЕО) Застрашувачки сцени од Вашингтон: Стотици расисти и неонацисти во бели маски маршираа низ улиците

Катерина Ѓуровски

Зголемени активности околу иранските нуклеарни постројки

„Позитивен напредок“ во преговорите меѓу САД и Иран во Доха

Почина седумгодишник во САД, тежок 115 килограми – јадеше само чипс и помфрит

А1он