По успешно завршеното образование, студентите добиваат германска и македонска универзитетска диплома и искуство со професионална квалификација, преку трансфер на искуства и знаења од предавачи – практичари со најмалку 10 години работно искуство на висока позиција во компаниите. Добиваат и сертификации во текот на студиите, кои, во друга опција би ги земале преку домашни и странски тренинг куќи, и тоа по цена од неколку илјади евра. Сето тоа е вклучено додека траат студиите, без дополнителни трошоци
Како што велат од академската канцеларија во Скопје, Хајделберг факултетот направи внимателна селекција и избор на првата генерација македонски студенти, кои ќе бидат дел од германската високообразовна елита на Хајделберг и Франкфурт, во Македонија. Проф. д-р Мирјана Алексова, одговорна за академската канцеларија и одделот за управување со таленти во Хајделберг, истакна дека интересот на студентите и нивните родители беше голем во текот на летниот период. Но, согласно критериумите од Германија, ние филтриравме една одлична паралелка на студенти кои поседуваат високо ниво на компетенции и талент, и тоа преку три фази на селекција. Поточно две во Скопје – интервју и психолошки тест и трета фаза во Германија. Сега останува да се поврзат студентите со нашите компании – дуални партнери, преку комисија составена од директорите на одделите за ЧР на компаниите и универзитетските професори од Хајделберг, додаде д-р Алексова.
Бројни состаноци во текот на месеците: Јули, Август и Септември
Поминавме одлични состаноци со повеќе од 200 родители кои се интересираа за нивните деца. Најчесто нѐ прашуваат за цената на студии, за школарината. Ние им одговараме дека ратата за студии, во текот на целиот циклус не надминува сума, која е многу помала од минималната плата во Македонија (околу 330 ЕУР). И што е најважно, таа може да се компензира со платата или надоместокот на дуалните парнери, што студентите може да го добиваат во текот на студиите, на месечно ниво. Така, студирањето може да биде речиси еднакво на нула трошоци за родителите. Тоа е тајната на овој модел во Германија, која за првпат, заедно со компаниите ја носиме тука во Скопје, истакнаа претставниците на управата на Хајделберг во Скопје.
Првата генерација на студенти, на англиски јазик, а некои од нив и на германски јазик, што е особена предност за нив, ќе студираат на академски програми, кои од Универзитетот од С.Р. Германија директно ги признава во 75 отсто од целата настава (или 130 ЕКТС) во Скопје. Остатокот од 25 отсто ќе се работи во шестиот семестар со изработка на дипломска работа и завршна проектна задача која ќе се брани со ментор од Германија. Со тоа, младите од регионот на Западен Балкан ќе можат да се стекнат со диплома за завршено високо образование во С.Р. Германија, но по трошоци за студирање како во македонскиот образовен систем, ни појасни претседателот на бордот на директори, тука во Скопје, проф. д-р Улрих Цајтел.
Бизнис секторот има голема корист од дуалниот систем на образование затоа што на тој начин се градат таленти, се намалуваат трошоците и за студентите и за бизнис секторот, а се зголемува продуктивноста и задржувањето на вработените, ни истакна еден водечки менаџер на банка, член на бизнис советот на Факултетот Хајделберг во Скопје. Бизнис секторот преку моделот за дуално образование заедно со факултетот учествува во креирањето и развојот на наставните програми, земајќи ги во предвид најновите индустриски технологии и практики при што директно ги користи нивните потреби за прилагодување кон актуелните промени.
Оваа соработка не само што му користи на бизнис секторот, туку придонесува и за конкурентноста на државата во регионот и пошироко преку создавање на квалификувана работна сила која ги задоволува сегашните и идните барања на пазарот, сметаат водечките лица на коморите во Македонија, кои, акотивно се вклучени во поддршка на овој вид на високо образование.
Придобивки за студентите кои се одлучија да студираат на Хајделебрг
Хајделберг образованието кое го понудивме, за прв пат од Јули, годинава, има многу предности за студентите, смета проф. д-р Синиша Наумоски. Имено, според него, ова се главните придобивки за студентите, кои се веќе дел од првата генерација:
Прво, по успешно завршеното образование, студентите добиваат германска и македонска универзитетска диплома и искуство со професионална квалификација, преку трансфер на искуства и знаења од предавачи – практичари со најмалку 10 години работно искуство на висока позиција во компаниите. Добиваат и сертификации во текот на студиите, кои, во друга опција би ги земале преку домашни и странски тренинг куќи, и тоа по цена од неколку илјади евра. Сето ова е вклучено додека траат студиите, без дополнителни трошоци; и Второ, нашите студенти добиваат вработување во областа што ја студираат – дуалното образование им овозможува на студентите подобри шанси за вработување, бидејќи ги подготвува за конкретни работни позиции, појаснува д-р Наумоски.
Ова е германска равенка која го решава проблемот на младите во ЕУ!
Проф. д-р Улрих Цајтел, пред младите во Македонија, ја претстави германската равенка која ќе ја отвори нивната ЕУ иднина, за работа во престижни компании. Имено, тој истакна дека фокусот на Хајделберг Факултет во Скопје е ставен на практичниот дел од наставата која се реализира во партнерските компании (дуални партнери). Во таа насока, тој додаде: „Согласно германската дуална програма на изучување, ќе имате можност да се здобиете со академско знаење и да посетувате пракса или да работите додека трае програмата за студирање!
Оваа иновативност ќе нé доведе до поголеми финансиски успеси и европски квалификуван кадар!“ Затоа, не чекајте, остануваат уште 3 слободни места до 14 октомври, до кога, завршува законскиот рок за упис. Аплицирај на: https://www.heidelberg.edu.mk/application/