Апликацијата за пораки Телеграм ја прилагоди својата политика за приватност за да може да споделува повеќе податоци со владините власти.
Платформата е критикувана поради тоа што дозволила на нејзините канали да се шират материјали за трговија со дрога, сајбер криминал и сексуална злоупотреба на деца.
Извршниот директор на Телеграм, Павел Дуров, изјави дека одлуката е донесена за „понатамошно одвраќање на криминалците од користење на Телеграм како платформа за нелегални активности“, пишува Политико.
Телеграм до сега откриваше информации за осомничени терористи по судски налог.
„Јасно ставивме до знаење дека IP-адресите и телефонските броеви на прекршителите може да им бидат откриени на властите како одговор на валидни правни барања“, напиша Дуров на својот канал Телеграм.