Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за Политико изјави дека гробот на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, нема да биде преместен од Музејот на Југославија и дека Тито ќе остане дел од српската и југословенската историја.

„Тоа нема да се случи. Никогаш не сум бил голем љубител на комунистите и на комунистичкиот режим, но Јосип Броз е дел од нашата историја, тој живеел овде и бил погребан тука, а ќе остане дел од српската и југословенската историја. – изјави Вучиќ во интервју за бриселскиот сајт.

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, на последната седница на градското собрание најави дека ќе покрене иницијатива за преместување на гробот на Јосип Броз Тито, како и за поставување споменик на лидерот на Равногорското движење Дража Михаиловиќ, на Теразијска тераса.

„Не можам да влијаам на таа одлука, ниту градот Белград може правно или формално да влијае, но мислам дека отстранувањето на Јосип Броз од Музејот на Југославија е исклучително важна работа за српскиот народ и за иднината на оваа земја. “, рече Шапиќ.

Политико го опишува Тито како „титан на југословенската историја“ и наведува дека тој владеел со земјата со децении додека Југославија била комунистичка држава.

Порталот додава дека улиците во Сараево, Македонија, Црна Гора и Словенија сè уште го носат името на Тито, па дури и улици во земји како Алжир, Бразил и Египет или во земјите на ЕУ како Франција и Италија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он