Прва безболна имплантација на заби во Клиника Жан Митрев

Од:

Безболната имплантација е изведена во Центарот за стоматологија во Клиника Жан Митрев и е првпат да се примени безболен третман при ваков стоматолошки зафат. Имплантацијата на 6 заби на горната вилица беше направена на седиран пациент со интравенска потенцирана анестезија и тоа овозможи целиот зафат да биде направен во еден акт.

„Имплантацијата на заби е болен и процес што се одвива етапно заради подготвеноста на пациентот да ја поднесе оперативната траума. Анестезијата и седацијата што ја применуваме во нашиот центар за стоматологија овозможува пациентот да не почувствува нималку болка или нелагодност и целиот зафат да биде направен одеднаш, безболно, брзо и многу побезбедно за пациентот“, истакна д-р Александра Матева, специјалист по орална хирургија во Клиника Жан Митрев.

Зафатот беше направен со интердисциплинарен тим предводен од анестезиолог, а составен од стоматолози, радиолози и анестезиолози.

Заради безбедноста и безболноста на стоматолошките зафати, седацијата и анестезијата во стоматологијата е практика насекаде во светот. Кај нас за првпат почнува да се применува во Клиника Жан Митрев. Покрај апликацијата за оперативни стоматолошки зафати, анестезијата може да се примени и кај деца, за да се надмине траумата од забар и посебно кај пациенти со посебни состојби кои не смеат да бидат изложени на стрес, паника или траума.

Би можело да ве интересира

Се роди првото бебе во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев

(ВИДЕО) Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди во Македонија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Безболно на стоматолог за пациентите нетолерантни на болка

Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев со нови инвестиции до врвен здравствен систем со сите услуги на едно место

Горан Наумовски

3Д технологија за индивидуално решение за секој пациент – нов стоматолошки оддел во Клиниката Жан Митрев