Петмина загинати при судир на два товарни брода јужно од Токио

Од:

Во судир на два товарни брода јужно од Токио денеска загинаа петмина членови на екипажот на помалиот брод, додека четири други се водат како исчезнати и Крајбрежната стража се уште трага по нив, соопштија јапонските власти.

– Јапонски брод се преврте по судир со брод од Сиера Леоне, на околу 11 километри западно од острвот Изу Ошима, изјави портпаролот на Крајбрежната стража, Јошиуки Теракадо.

Во операција за пронаоѓање на исчезнатите морнари се вклучени бродови и хеликоптери на Крајбрежната стража.

– Телата на петмината загинати се најдени во внатрешноста на бродот што се  превртел, прецизира портпаролот на Крајбрежната стража.

Ниту еден од челновите на екипажот на поголемиот брод, што го сочинувале 12 Кинези и еден Малаец, не е повреден во  судирот.

Причините за несреќата се уште не се познати.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови