Израелската војска денеска соопшти дека гаѓала цели на Хезболах во Либан, непосредно пред лидерот на Хезболах Саид Хасан Насрала да одржи говор, а началникот на Генералштабот Херзи Халеви ги одобри плановите за северот.
„Терористичката организација Хезболах го претвори јужен Либан во зона на конфликт. Хезболах со децении вооружува цивилни домови, копа тунели под нив и користи цивили како жив штит“, соопшти армијата, пренесе Ројтерс.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) оперираат за да обезбедат безбедност во северниот дел на Израел за да им овозможат на жителите да се вратат во своите домови, како и да ги постигнат сите воени цели, соопшти израелската војска.
Како што изјави очевидец за британската агенција, израелски авиони го пробиле звучниот ѕид над либанската престолнина Бејрут за време на говорот на Насрала.