На улицата „Волт Дизни“ денеска во Скопје, полициски службеници го уапсиле Н.И.(30) од Скопје.
Тој бил осуден на 10 години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за доиздржување на пет години и девет месеци од казната.
Уапсениот бил спроведен во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошна постапка, по што ќе биде спреведео во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.