Актуелниот светски шампион во бокс, Олександр Усик е уапсен на аеродромот во Краков. Во мај оваа година, Усик стана првиот боксер во историјата кој обединил четири титули (ВБЦ, ВБО, ВБА и ИБО) со победата над Тајсон Фјури.
Веста за апсењето го шокираше светот, особено навивачите на овој Украинец, а ја сподели и украинскиот борач Жан Белењук. На социјалните мрежи брзо се појави видео од апсењето на кое се гледа боксер со лисици додека полицијата го придружува.
Не помина многу време од моментот кога беа објавени видеата од апсењето до објавувањето на Усик, а се, како што вели, било недоразбирање.
„Драги пријатели. Се случи недоразбирање, брзо беше решено. Ви благодариме на сите што беа загрижени. Ви благодариме на украинските дипломати за нивната ефективна поддршка. И почит кон полската полиција за извршување на нивните должности“, рече Олександр Усик.