Хрватската полиција бара од судот 30 дена затвор за Сергеј Трифуновиќ, одземен му е пасошот

Од:

Општинскиот суд за прекршоци во Сплит како мерка на претпазливост му го одзеде пасошот на актерот Сергеј Трифуновиќ.

Судењето продолжува утре во 12.30 часот, пишува „Слободна Далмација“.

Трифуновиќ пред судот изјави дека не се чувствува виновен за се што е обвинет, а во полициското обвинение се товари по член 5 и член 17 од законот за делата против јавниот ред и мир.

Во членот 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир се вели дека „Тој што ќе омаловажи или навредува државни органи, односно службени лица, во текот на извршувањето или во врска со извршувањето или нивните законски наредби, ќе се казни со парична казна од 700 до 4.000 евра или затворска казна до 30 дена“, се вели во тој напис.

Затоа полицијата и судот за ова дело од Трифуновиќ побараа триесет дена затвор.

Во членот 5 се вели „Оној што го нарушува јавниот ред и мир со изнесување текстови, композиции, репродукции, истакнување симболи, текстови, слики и цртежи на јавно место, ќе се казни со парична казна од 300 до 2.000 евра.

За овој напис полицијата бара казна од 1.000 евра за Трифуновиќ.

Би можело да ве интересира

Трифуновиќ осуден условно на 60 дена затвор, вратен му е пасошот на српскиот актер

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

Уапсен е актерот Сергеј Трифуновиќ

ВИДЕО: Сергеј Трифуновиќ добри забрана за влез во Шенген зоната

Катерина Ѓуровски

Сергеј Трифуновиќ е уапсен во Сплит, заврши во Судот за прекршоци

Горан Наумовски

После сообраќајка на Врачар: Актерот Сергеј Трифуновиќ приведен поради дрога