Fiction со нов сингл- Булевар

Од:

“Булевар” е најновиот сингл на скопскиот рок-бенд Fiction. Воедно синглот е и најава за претстојниот албум на бендот кој е официјално најавен за оваа есен.

“Булевар” е песна која ги спојува многуте нови и стари влијанија на бендот, и е чекор напред во градењето или поточно, доградувањето на препознатливиот стил на бендот, музички и естетски.

Музиката и текстот се на гитаристот на бендот, Виктор Захариев. За аудио продукцијата е заслужен Раде Биковски, додека тапаните се снимени во познатото Студио 1060 на Дени Крстев.

Видео спотот е во самостојна продукција на бендот во соработка со Јана Ѓуревска.

Fiction го сочинуваат:

Петар Ѓуревски – вокал
Виктор Захариев – гитара, вокал
Филип Андонов – бас гитара
Теодор Теодосиевски – тапани

Би можело да ве интересира

Новиот сингл на македонското трио BDM на светска музичка компилација

Предраг Петровиќ

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

ВИДЕО: Фронтменот на познатиот бенд го нападна гитаристот за време на настап

Крвожедни видри нападнаа жена среде парк

Предраг Петровиќ

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ