ВИДЕО: Атентаторот на Трамп 12 часа се криел во грмушки пред да биде откриен

Од:

Вооружениот напаѓач што во неделата беше уапсен како осомничен дека сакал да изврши атентат врз поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп претходно 12 часа бил сокриен во грмушките во близина на голф-клубот на Трамп во Флорида, пренесува Би-би-си.

„Напаѓачот, за кој истражителите велат дека не испукал ниту еден истрел, бил скриен од добро одржуваните грмушки и високи палми што се околу голф-клубот. Бил опремен со два дигитални фотоапарати, црна ќеса со храна, калашников и објектив“, вели Би-би-си.

Жителите од околината на голф-клубот велат дека Трамп, кога не е на кампањата, тука ја поминува речиси секоја недела. Но, директорот на Тајната служба Роналд Роу вели дека поранешниот претседател „всушност не требало да оди таму“, па агентите морале да состават безбедносен план во последен момент.

Осомничениот Рајан Весли Рут (58) се појави во преполниот суд во Палм Бич каде веќе е обвинет за поседување огнено оружје и поседување огнено оружје со избришан сериски број. Против него веројатно ќе бидат покренати уште обвиненија.

Рајан Весли Рут (58), според медиумски написи, бил сопственик на мала градежна компанија на Хаваи. Рут бил проукраински активист и силен поддржувач на Украина. Во десетици објави на социјалните мрежи во 2022 година изразувал поддршка за Украина.

Рајан Весли Рут (58) минатата година објавил книга во која ги опишал своите напори да ја поддржи Украина во војната против Русија. Во неа напишал дека се обидел да се пријави за учество во војната, но бил одбиен на границата меѓу Полска и Украина. Пишувал и за политичките ситуации во Авганистан, Тајван и Северна Кореја.

Бил чест критичар на Трамп на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Америка се соочува со целосна парализа неколку дена пред Божиќ

Катерина Ѓуровски

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Мелони: Трамп не е наш непријател

Трамп го критикуваше Бајден дека „ја крие вистината за беспилотните летала“

Трамп го назначи Ричард Гренел за специјален претседателски пратеник

Нунес е новиот шеф на Советодавниот одбор за разузнавање на претседателот на САД