Кина стои зад утврдените случаи на електронска шпионажа на премиерот и Министерството за надворешни работи на Белгија, објавија весниците „Морхен“ и „Ласте њус“, повикувајќи се на извештај на белгиските контраразузнавачки служби.
Според весниците, интересот на Кина бил насочен кон економската област, како и кон активностите во меѓународните организации. За разлика од Министерството за надворешни работи, администрацијата на премиерот Елио ди Рупо не поднела жалба до обвинителствотo, тврдејќи дека е спречено истекувањето на информации од електронските системи.
Претходно, белгиските медиуми објавија информации за следење на електронската комуникација на администрацијата на премиерот и на Министерството за надворешни работи, како и на најголемиот телекомуникациски оператор „Белгком“.
Засега не познато дали сите случаи водат кон еден ист извршител, но упадот во комуникациските мрежи бил извршен со сложен компјутерски вирус, спроведен од моќна структура на „државно ниво“.