Вучиќ: Потпишав согласност за служење воен рок од 75 дена

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека како врховен командант и претседател на Републиката ја потпишал согласноста за извршување на редовен воен рок од 75 дена и додаде дека верува оти Владата ќе ја донесе таа одлука, затоа што на Србија и треба силна војска која би можела да ги одврати оние кои ни се закануваат.

„Сакам да верувам дека Владата на Србија ќе ја усвои таа одлука. Сакам да верувам дека сите разбирате колку ни треба силна армија, уште колку ќе треба да купиме оружје, да направиме, да создаваме. Не е нашата желба да нападнеме никого, ниту тоа ќе го направиме, но нашата желба е да ги одвратиме сите оние кои секојдневно ни се закануваат“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Вучиќ: Разговорот со Трамп е голема чест и успех за Србија

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија