Кренар Лога потпретседателот од фракцијата на Зијадин Села од Алијанса за Албанците вели дека „и по притисокот на Таравари и неговиот газда, тој не го добил предметот за печатите на АА“.
-Предметот за легитимноста на Алијансата за Албанците се вратил на повторно судење во Основниот суд во Тетово. АУМ – Алијанса за услуги на Мицкоски би било во право да се нарече новиот субјект по разделбата од нашата партија. Сто дена владеење со ВМРО-ДПМНЕ се докажала квислиншката активност во секоја секунда. И во Апелациониот суд во Гостивар сменета е судијката, ама… нема врска друже, не спомнувај бидејќи во наша корист е, пишува Лога.
Реакцијата на Лога доаѓа по информацијата од фракцијата на Арбен Таравари од АА дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил на повторно судење предметот за печатите на партијата.
-Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари, се вели во соопштението.
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во денешното соопштение до медиумите реагира на одлуката на Апелациониот суд со која се поништи одлуката на Основниот суд во Тетово. Според него со последната одлука на Судот Алијансата за Албанците се враќа во своето членство.
-Алијансата за Албанците е наша! Апелациониот суд одлучи дека партијата Алијанса за Албанците и припаѓа на апсолутното мнозинство. Партијата му се враќа во членството! Честитки до сите!“, изјави Таравари.
Инаку, синоќа Алијансата за Албанците соопшти дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил предметот на политичката партија Алијанса за Албанците на повторно судење и ги прифатил жалбите на правниот застапник на Арбен Таравари.
-Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари, истакнаа од АА.
Со одлука на Основниот суд во Тетово во април годинава печатите на партијата Алијанса за Албанците и припаднаа на крилото на Зијадин Села. Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари реагираше преку „Фејбук“ по објавата дека печатите од партијата со одлука на Судот во Тетово ги добил Села и најави жалба.
Алијанса за Албанците се подели на две крила откако Таравари го повика членството да ги поддржи во одлуката да настапат на изборите заедно со албанската опозиција. Села и Таравари најавија дека ќе водат правна битка за печатите на партијата. Крилото на Таравари одлучи на парламентарните избори да оди со албанската опозиција, а Села со ДУИ.