Руските компании се заинтересирани за инвестирање за економски проекти во Албанија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба со албанскиот премиер Еди Рама, што се оддржа на маргините на 68-та сесија во Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Како што јави ИТАР-ТАСС, Рама на средбата потенцирал дека неговата нова Влада е заинтересирана за интензивирање на трговско-економската соработка со Русија преку повеќе „перспективни инфраструктурни проекти“, како и за искористување на потенцијалот на „културно-хуманитарните врски“.
Рама и Лавров разговарале и за случувањата на Балканот, а се договориле и за воведување на пракса на одржување на редовни консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји посветени на „европската проблематика“.